проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM

Нови акти за живо сребро објавени во Службениот весник на ЕУ
8. marec 2022
На крајот на февруари 2022 година, Европската комисија објави дванаесет делегирани акти во Службениот весник на ЕУ за крај на употребата на живо сребро во светилки. Актите содржат бришење на постоечките исклучоци за употреба на живото сребро во светилки, бидејќи алтернативите без живо сребро се широко достапни и безбедни. На овој начин ЕУ го промовира научниот и техничкиот напредок, притоа заштитувајќи ја животната средина и здравјето на граѓаните. Земјите-членки на ЕУ имаат рок од шест месеци да ги пренесат одредбите од делегираните акти во нивното национално законодавство.
Извор на насловната слика: https://www.dreamstime.com/shining-yellow-smiling-light-bulb-isolated-white-background-lightbulb-funny-emotion-emoji-creative-idea-inspiration-symbol-image175442202
назад на списокот