проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM

Поедноставување на постоечките прописи на ЕУ
Подготвени за иднината Fit for Future (F4F) е платформа дизајнирана да ги поедностави постоечките прописи на ЕУ и ги намалува регулаторните оптоварувања. Платформата F4F е дел од програмата REFIT, која бара подобро правно уредување преку придонеси од граѓаните и другите засегнати страни.
Заинтересираните страни (без разлика на националноста или местото на живеење) можат да учествуваат во платформата со споделување на своите идеи и аргументи за постоечките прописи на ЕУ, но можат и да предложат нови теми.
Бидејќи платформата работи врз основа на годишна програма за работа и темите на годишната програма се веќе избрани, потребно е да ги испратите вашите предлози до 30 април доколку сакате предлозите да бидат разгледани во истата година со објавената годишна програма. Сите предлози поднесени по 30 април ќе бидат разгледани во работната програма за следната година.
За сите предлози, доколку не се навредливи и се во согласност со правилникот, испраќачите на предлогот ќе добијат одговор.
Предлозите насочени кон поедноставување на прописите нема да се разгледуваат ако:
За да поднесете предлози на платформата, прво мора да се регистрирате, а подоцна само да се најавите (логирате). При поднесувањето на мислење, подносителот (физичко или правно лице) има можност да избере дали предлогот ќе биде објавен со лични податоци или анонимно. Заинтересираните можат да ја видат содржината на објавените предлози.

- веќе се разгледуваат во Европскиот парламент и Советот во рамките на законодавната процедура,
- се однесува на законодавството кое се спроведува помалку од две години (ефектите и заклучоците од имплементацијата тешко се оценуваат поради краткиот рок за спроведување на новото законодавство),
- се однесуваат на прашања кои спаѓаат во национална надлежност (со исклучок на прашања кои се однесуваат на неколку земји-членки на ЕУ),
- случај кој веќе е предмет на планирани или тековни консултации со социјалните партнери.