проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM

Регистар на делегирани и имплементирани акти
Интернет регистар, кој овозможува сеопфатно следење на одлуките на ЕУ во форма на делегирани и имплементарни акти, новина од 2017 година. Делегираните акти се сместени во секундарното законодавство, акти со кои се менуваат или дополнуваат законите на ЕУ. Имплементирани акти кои се усвојуваат за да се утврдат условите за подеднакво спроведување на законодавниот акт. Регистарот, е достапен на сите официјални јазици на ЕУ, и воведен од три институции - Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ. Корисниците имаат целосен увид во сите фази на постапката за делегиран акт - од фазата на планирање до неговото објавување во Службен весник, што е во согласност со имплементацијата на принципите на транспарентност и пристапност. Регистрираните претплатници на новости можат да ги следат известувањата во врска со одредени делегирани акти.