проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM

Поедноставување на постоечките прописи на ЕУ
Граѓаните на ЕУ имаат право да дадат свое мислење за постоечките прописи на ЕУ. Со давање мислења до надлежните органи, постоечките прописи може да се поедностават, да се направат поефективни и со тоа да се намали административната процедура за органот и странката односно за сите учесници во постапката. За таа цел, Европската комисија формираше платформа наречена Fit for Future (F4F) - Подготвени за иднината, составена од експертски групи:
Платформата работи врз основа на годишна програма за работа, па затоа е од клучно значење за давателот на мислење да го запази крајниот рок до 30 април. Предлозите може да се испраќаат во текот на целата година, но ако сакаме мислењето да биде разгледано во истата година, треба да се запази априлскиот рок. Доколку предлогот мислењето биде испратено по 30 април, ќе се разгледува во рамките на работната програма на платформата дури следната година.
Работната програма на платформата има дефинирани теми, но секогаш може да се предлагаат нови. Мислењата кои не спаѓаат во рамките на платформата ќе бидат разгледани од службата за помош на корисници - Europe Direct.
При давањето мислења треба да се има во предвид дека содржината не смее да има:
Исто така, нема да бидат објавени било какви линкови до нелегална и пиратска опрема.
F4F ќе ги разгледа добиените предлози и мислења и ќе ги проследи оние кои се релевантни до Европската комисија.
Предлози кои се однесуваат на:
Предлагачот на мислењето има можност да избере дали неговиот предлог ќе биде објавен со:
Предлогот може да се испрати преку веб-страницата на Европската комисија по претходна регистрација. Веб-страницата нуди и увид во сите пристигнати предлози од апликантите со цел да се почитува принципот на транспарентност и да се избегне испраќање повторени предлози.
- Земјите-членки на ЕУ,
- Регионални одбори,
- Европски економски и социјален одбор и
- засегнати страни од различни сектори.
Платформата работи врз основа на годишна програма за работа, па затоа е од клучно значење за давателот на мислење да го запази крајниот рок до 30 април. Предлозите може да се испраќаат во текот на целата година, но ако сакаме мислењето да биде разгледано во истата година, треба да се запази априлскиот рок. Доколку предлогот мислењето биде испратено по 30 април, ќе се разгледува во рамките на работната програма на платформата дури следната година.
Работната програма на платформата има дефинирани теми, но секогаш може да се предлагаат нови. Мислењата кои не спаѓаат во рамките на платформата ќе бидат разгледани од службата за помош на корисници - Europe Direct.
При давањето мислења треба да се има во предвид дека содржината не смее да има:
- навреди, вулгарности, непријателска или заканувачка конотација и слично,
- рекламирање,
повторувања и
- мислења кои не се во согласност со закон,
нема да се разгледуваат.
Исто така, нема да бидат објавени било какви линкови до нелегална и пиратска опрема.
F4F ќе ги разгледа добиените предлози и мислења и ќе ги проследи оние кои се релевантни до Европската комисија.
Предлози кои се однесуваат на:
- законодавството кое веќе се разгледува во Европскиот парламент и Советот во рамките на законодавната процедура,
- законодавството кое е во сила помалку од две години,
- прашања од национална надлежност на земјите-членки на ЕУ,
- прашања кои се веќе предмет на планирани или тековни консултации со социјалните партнери,
нема да бидат земени во предвид и разгледувани.
Предлагачот на мислењето има можност да избере дали неговиот предлог ќе биде објавен со:
- лични или организациски податоци или
- анонимно.