проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM

Наградата Сахаров за слобода на мислата- не е поврзана со државјанство или престој
признание кое ЕУ им го дава на поединци, групи или организации за извонредна работа и достигнувања во областа на човековите права и основни слободи (право на слобода на мислење, заштита на малцинските права, почитување на меѓународното право, развој на демократијата итн.). без оглед на нивната националност и живеалиште или регистрирано седиште.
Наградата е именувана по рускиот нуклеарен физичар Андреј Димитриевич Сахаров (1921-1989), кој поради неговиот изум (хидрогенска бомба) и последиците од таквиот изум, се загрижил за иднината на човештвото, затоа, тој сакал да ја подигне свеста за опасностите од нуклеарните тестирања и нуклеарната војна и кршењето на човековите права. Како гласен критичар на тогашниот советски режим, мировен активист и голем активист за човекови права. Ја добил Нобеловата награда за мир во 1975 година. Поради неговиот активизам, тој бил протеран во Горки во 1980 година, место за внатрешно политички прогонства во Русија. за време на комунистичкиот режим.
Добитникот на наградата Сахаров за слобода на мислата добива финансиска поддршка (50.000 евра) за неговата работа, опсежна медиумска промоција на ова прашање и заштита од можна одмазда во сопствената земја.
Секој септември, европратениците или парламентарните политички партии номинираат кандидати за наградата Сахаров. Секој кандидат мора да добие најмалку 40 гласови, а еден пратеник може да поддржи само еден кандидат. Одборот за надворешни работи, одборот за развој и Потодборот за човекови права ги оценуваат сите поддржани кандидатури, а само тројца финалисти се избрани за да бидат ставени на конечното гласање. Финалистот го избира Конференцијата на претседатели, орган на Европскиот парламент составено од претседателот на парламентот, претседателите на политичките групи и претставниците на самостојните пратеници. Добитникот на наградата се прогласува во октомври, а во декември следи церемонија на доделување во Стразбур.
Првиот добитник на наградата во 1988 година беше Нелсон Мандела, кој беше активист, филантроп, политички лидер, бранител на слободата и правата и голем борец против расизмот во Јужна Африка.
Добитници на награди:
- од 1988 до 1999 година
- од 2000 до 2005 година
- од 2006 до 2011 година
- од 2012 до 2020 година
- од 2021 до 2030 година
Пред зградата на Европскиот парламент во Брисел е поставена платформа составена од 43 керамички плочки со имињата на сите добитници на наградата Сахаров до 2018 година.
Слика: Плакета од Нелсон Мандела - добитник на наградата Сахаров

Извор: https://www.europarl.europa.eu/cmsdata/209395/Sakharov%20Walk%20of%20Fame%20-%20slabs%20with%20laureates%201988-2018.pdf
Од 2016 година, Европскиот парламент, доделува четиринаесет стипендии Сархаров секоја година. Стипендиите се наменети за бранителите на човековите права од трети земји, а програмата вклучува интерактивна интензивна двонеделна обука базирана првенствено на зајакнување на заговорниците. Стипендистите по земја може да се погледнат на веб-станицата.

- Нелсон Мандела, Јужна Африка,
- Анатолиј Марченко, Русија,
- Александар Дубчек, Словачка,
- Аунг Сан Су Чи, Мјанмар,
- Адем Демачи, Косово,
- Las Madres de Plaza de Mayo, Аргентина,
- Новинари на весникот Ослобоѓење, Босна и Херцеговина,
- Таслима Насрин, Бангладеш,
- Лејла Зана, Турција,
- Ви Џингшенг, Кина
- Салима Гезали, Алжир,
- Ибрахим Ругова, Косово,
- Xanana Gusmão, Источен Тимор,
- од 2000 до 2005 година
- Движење ¡Basta Ya!, Шпанија
- Дом Закаријас Камвенјо, Ангола,
- Нурит Пелед-Елханан, Израел,
- Изат Газави, Палестина,
- Освалдо Хозе Паја Сардињас, Куба,
- Кофи Анан и целиот персонал на Обединетите нации, Њујорк,
- Белоруско здружение на новинари, Белорусија
- Дамас де Бланко, Куба
- Хаува Ибрахим, Нигерија
- Новинари без граници, Франција
- од 2006 до 2011 година
- Александар Милинкевич, Белорусија
- Салих Махмуд Мохамед Осман, Судан
- Ху Џиа, Кина
- Меморијал (Олег Орлов, Сергеј Коваљев и Људмила Алексеева во име на Меморијал и сите други бранители на човекови права во Русија), Русија
- Гиљермо Фарињас, Куба
- Мохамед Буазизи, Арапска пролет, Тунис
- Али Ферзат, Арапска пролет, Сирија
- Асма Махфуз, Арапска пролет, Египет
- Ахмед Ел Зенуси, Либија
- Разан Зајтунех, Арапска пролет, Сирија
- од 2012 до 2020 година
- Џафар Панахи, Иран
- Насрин Сотудех, Иран
- Малала Јусафзаи, Пакистан
- Денис Муквеге, Демократска Република Конго
- Раиф Бадави, Саудиска Арабија
- Надија Мурад и Ламија Хаџи Башар, Ирак
- Демократска опозиција во Венецуела, Венецуела
- Олег Сенцов, Украина
- Илхам Тохти - 2019 година, Кина Демократска опозиција во Белорусија, Белорусија
- Демократска опозиција во Белорусија, Белорусија
- од 2021 до 2030 година
- Алексеј Навални, Русија.