проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM

Европска комисија
Со седиште во Брисел, е извршно тело на Европската унија, составено од 28–комесари (27 комесари и еден претседател). Секоја земја-членка на ЕУ е претставена од еден комесар, кој управува со својот ресорт. Претседател на Европската комисија со мандатот од 2019-2024 е Урсула вон дер Лајен.
Организациска структура на Комисијата покрај политичкото раководство, ја формираат и
- генерални дирекции,
- сервисни служби
- извршни агенции.
Европската комисија има свои претставништва во земјите-членки на ЕУ и надвор од Европската унија (делегации). Европската комисија е одговорна за подготовка на предлози за законодавството на ЕУ ( за кои понатаму одлучува Европскиот парламент и Советот на Европската унија) и за подготовка на активности на ниво на ЕУ. Како извршен орган, Комисијата се грижи за правилна имплементација на донесената законска регулатива и спроведување на установените договори. Комисијата е исто така одговорна за подготовка, предлагање и следење на европскиот буџет и управување со програмите за финансирање на ЕУ. Како ко-креатор на надворешната политика на Европската унија, Комисијата тесно соработува со Обединетите нации, Организацијата за економска соработка и развој, Г7, групата Г20 и други слични групи.
Во својата работа, Комисијата ги почитува:
- принципот на транспарентност на работењето,
- принципот на вклучување,
- принципот на лингвистичка покриеност,
- принципот на еколошка одговорност,
- принципот на еднаквост и недискриминација, и
- принципот на етичко однесување.

Слика: Eвропска комисија
Извор: http://zagovorniki-okolja.si/2020/07/28/pritozba-na-evropsko-komisijo-vse-kar-morate-vedeti/