проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM

The ECI Campaign - независна помош на организаторите на граѓански иницијативи
Подготовката на европска граѓанска иницијатива е голема и предизвикувачка задача, така што организаторите на иницијативата имаат независна поддршка наречена The ECI Campaign, составена од различни експерти и граѓани кои веќе успешно ги имплементирале своите Европски граѓански иницијативи.
ECI Help Desk е водич чекор-по-чекор, со цел да ни помогне при успешнo oрганизиранње на иницијатива.
Проверете ги сите европски граѓански иницијативи кои моментално се во тек.
Чекор бр. 1: Одлука за користење на Европската граѓанска иницијатива.
1. Идентификување и развивање на идејата до крај
2. Напишете ја иницијативата
3. Проверете ја законитоста.
4. Размислете за алтернативи.
Споредете ги сите можни алтернативи едни со други. Изберете ја алатката што најмногу ви одговара. Сепак, тоа можеби не е европска граѓанска иницијатива.
5. Истражете ги процедурите на Европската граѓанска иницијатива.
6. Формирање мултинационален одбор на Европската граѓанска иницијатива.
7. Воспоставување сојуз.
Воспоставете контакт со истомисленици и групи од најмалку 9 различни земји-членки на ЕУ.
8. Оценете ја опозиција - противникот
Анализирајте ја моќта и валидноста на неистомислениците.
9. Размислете за буџетот на иницијативата.
Пресметајте ги трошоците за персоналот, трошоците за маркетинг, трошоците за печатење, телефонските повици итн. Политичките кампањи на меѓународно ниво на ЕУ се скапи. Ве советуваме да обезбедите најмалку 100.000 евра пред да ја започнете иницијативата.
Чекор бр. 2: Детална подготовка на кампањата за Европската граѓанска иницијатива.
1. Поддршка за собирање потписи.
Ве советуваме да соберете најмалку 20% повеќе потписи, односно 1 250 000 потписи, бидејќи може да се случи дали поради нецелосни или погрешно дадени податоци од страна на потписниците, потписите да не важат при нивната проверка.
2. Онлајн собирање потписи.
Најдете го вистинскиот софтвер за собирање потписи преку Интернет. софтверот мора да ги исполнува пропишаните услови во исто време и потребите на вашата кампања. Можете да го користите софтверот OpenECI software.
3. Физичко собирање потписи.
Размислете колку физички печатени формулари ви се потребни за потписниците и на кои јазици за да ја постигнете вашата цел.
4. Организација.
Направете план за задачите и одговорностите на граѓанскиот иницијативен одбор, волонтерите и сите други кои ќе бидат вклучени.
5. Волонтирање.
Размислете како ќе ги организирате волонтерите - како ќе се одвива обуката, едукацијата, мотивацијата, надзорот и наградувањето.
6. Собирање средства.
Направете пресметка колку пари ќе ви требаат за успешно да ја спроведете целата кампања. Стапете во контакт со потенцијалните донатори и размислете за начини како да дојдете до донатори.
7. Комуникација.
Поврзете се со сите релевантни медиуми за да го достигнете максималниот број на потенцијални потписници на вашата иницијатива, волонтери и други кои ќе бидат вклучени во иницијативата. Направете план како ќе користите платени и неплатени медиуми, настани, говори итн.
8. Управување со потписи.
Потписите мора да бидат испратени навреме за одобрување до националните органи во земјите-членки на ЕУ.
9. Потврда на потписи.
Треба да се следат правилата на ЕУ за физичко и онлајн собирање потписи. Проверете ги и националните правила за собирање потписи на оние земји-членки на ЕУ чии потписници ќе бидат вклучени во иницијативата.
За повеќе информации можете да контактирате:

Запрашајте се дали навистина има потреба од промена на законодавството на ЕУ за да ја постигнете и остварите вашата цел. Поврзете се со оние кои имаат искуство.
2. Напишете ја иницијативата
Напишете ја на разбирлив начин и побарајте независна правна помош. Европската комисија нуди бесплатен превод на вашето резиме (800 знаци). Контактирајте со Генералниот секретаријат на Европската комисија: SG-ECI@ec.europa.eu или преку форумот.
3. Проверете ја законитоста.
Треба да проверите дали ЕУ го дозволува законодавството што сакате да го предложите. Побарајте неформален правен преглед преку форумот. Паралелно, можете да аплицирате и за правен преглед во The ECI Campaign, ECI.
4. Размислете за алтернативи.
Споредете ги сите можни алтернативи едни со други. Изберете ја алатката што најмногу ви одговара. Сепак, тоа можеби не е европска граѓанска иницијатива.
5. Истражете ги процедурите на Европската граѓанска иницијатива.
Побарајте информации од Генералниот секретаријат на Европската комисија. Разгледајте ја регулативата што ја уредува Европската граѓанска иницијатива - Уредба (ЕУ) 2019/788.
6. Формирање мултинационален одбор на Европската граѓанска иницијатива.
Одборот мора да се состои од најмалку 7 членови од седум земји-членки на ЕУ за да се исполнат формалните услови за понатамошна комуникација со институциите на ЕУ.
7. Воспоставување сојуз.
Воспоставете контакт со истомисленици и групи од најмалку 9 различни земји-членки на ЕУ.
8. Оценете ја опозиција - противникот
Анализирајте ја моќта и валидноста на неистомислениците.
9. Размислете за буџетот на иницијативата.
Пресметајте ги трошоците за персоналот, трошоците за маркетинг, трошоците за печатење, телефонските повици итн. Политичките кампањи на меѓународно ниво на ЕУ се скапи. Ве советуваме да обезбедите најмалку 100.000 евра пред да ја започнете иницијативата.
Чекор бр. 2: Детална подготовка на кампањата за Европската граѓанска иницијатива.
1. Поддршка за собирање потписи.
Ве советуваме да соберете најмалку 20% повеќе потписи, односно 1 250 000 потписи, бидејќи може да се случи дали поради нецелосни или погрешно дадени податоци од страна на потписниците, потписите да не важат при нивната проверка.
2. Онлајн собирање потписи.
Најдете го вистинскиот софтвер за собирање потписи преку Интернет. софтверот мора да ги исполнува пропишаните услови во исто време и потребите на вашата кампања. Можете да го користите софтверот OpenECI software.
3. Физичко собирање потписи.
Размислете колку физички печатени формулари ви се потребни за потписниците и на кои јазици за да ја постигнете вашата цел.
4. Организација.
Направете план за задачите и одговорностите на граѓанскиот иницијативен одбор, волонтерите и сите други кои ќе бидат вклучени.
5. Волонтирање.
Размислете како ќе ги организирате волонтерите - како ќе се одвива обуката, едукацијата, мотивацијата, надзорот и наградувањето.
6. Собирање средства.
Направете пресметка колку пари ќе ви требаат за успешно да ја спроведете целата кампања. Стапете во контакт со потенцијалните донатори и размислете за начини како да дојдете до донатори.
7. Комуникација.
Поврзете се со сите релевантни медиуми за да го достигнете максималниот број на потенцијални потписници на вашата иницијатива, волонтери и други кои ќе бидат вклучени во иницијативата. Направете план како ќе користите платени и неплатени медиуми, настани, говори итн.
8. Управување со потписи.
Потписите мора да бидат испратени навреме за одобрување до националните органи во земјите-членки на ЕУ.
9. Потврда на потписи.
Треба да се следат правилата на ЕУ за физичко и онлајн собирање потписи. Проверете ги и националните правила за собирање потписи на оние земји-членки на ЕУ чии потписници ќе бидат вклучени во иницијативата.
За повеќе информации можете да контактирате:
Карстен Берг
директор
The ECI Campaign
European Citizens’ Initiative e.V.
berg ((at)) citizens-initiative.eu
www.citizens-initiative.eu
Т: + 49-761-48806364
М: + 49-1764-3064365