проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM

Интернет платаформа за еколошко право на ЕУ
Enviromental Applicable Law Online Platform
Alpe Adria Green (AAG) центарот за животна средина во последните 5 години, обезбедува бесплатни еколошки правни совети за граѓански иницијативи и поединци кои се соочуваат со еколошки проблеми поради минати или идни прекумерни интервенции во животната средина. Покрај советите во ААG, сакаме на пошироката јавност да и ги приближиме можните мерки и активности за заштита на нивните права за здрава и квалитетна животна средина.
Така, на крајот на 2020 година, на јавниот тендер COMM/SUBV/2020/E, објавен од страна на Европскиот парламент на ЕУ #заедносмеEУ, успеавме да добиеме средства за проектот Интернет платформа за еколошко право на ЕУ. Основната цел на проектот е да се подготви интернет алатка за комуникација која на пошироката јавност во југоисточнана Европа ќе и ги претстави можностите за остварување на правото на здрава животна средина преку правна подршка на Европската Унија.
Целта на проектот е да се постави нова интернет платаформа во рамките на главната веб-страница на AAG. Интернет платаформата на едно место ќе ги презентира сите релевантни информации во врска со можноста за учество на пошироката јавност во процедурите на ЕУ од областа на заштитата на животната средина, како што се:
- збир на можни начини за учество на јавноста во решавањето на еколошките проблеми, клучни информации и врски до релевантни алатки за заштита на човековите права до чиста и здрава животна средина,
- збир на пишани извори во форма на правни акти на ЕУ (регулативи, директиви) од областа на заштитата на животната средина и природа, збир на судска пракса на Судот на правдата на Европската Унија (SEU),
- презентација на политиките за животна средина усвоени на ниво на ЕУ, декларации и други сеопфатни акти,
- објавување на дневни вести за актуелни настани на ниво на ЕУ во однос на усвојување и третман на решенија и прашања поврзани со еколошки прашања.
Проектот ќе заврши во јуни 2022 година. И по завршувањето на проектот, сите собрани информации и линкови, кои редовно ќе се одржуваат и ажурираат, ќе бидат достапни за заинтересираната јавност на поставената онлајн платформа.
Проектот Enviromental Applicable Law Online платформа е овозможен од Европскиот парламент на ЕУ и Министерството за јавна администрација на Република Словенија.

