проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM
Ваша Европа, ваш глас - годишен настан за млади на возраст од 16 до 18 години
Во организација на Европскиот економски и социјален одбор во Брисел со цел поврзување на младите со Европската Унија. На дводневниот настан, младите на возраст од 16 до 18 години кои се државјани на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ ги собираат своите идеи, предлози и мислења за нивната иднина како европски граѓани во форма на резолуции, кои потоа се проследуваат до релевантните институции на ЕУ. Секое средно училиште во ЕУ може да се пријави на настанот Ваша Европа, ваш глас преку онлајн формуларот, под услов да се запази објавениот рок за аплицирање и да се прифатат некои општи услови.
Училиштето кое аплицира мора да ги исполнува и следниве услови:
Доколку училиштето не исполнува било кој од условите, ќе биде санкционирано со итно исклучување од настанот.
Пријавените ученици треба во предвидениот рок и на пропишаниот формулар, достапен на сите официјални јазици на ЕУ обезбеден од тимот на настанот, да испратат до одборот дозвола од нивните законски родители/старатели и од директорот на училиштето за учество на настанот во спротивно нема да смеат да присуствуваат на настанот.
Поради ситуацијата со Ковид, настанот во 2022 година е организиран како виртуелен настан.
Процесот на избор на навремено и правилно пријавени училишта за учество на настанот се заснова на систем ждрепка за секоја земја посебно, во согласност со правилата. Известување за избор се испраќа на е-поштата на училиштето, а списокот на избрани училишта е објавен на веб-страницата на Европскиот економски и социјален одбор.
Училиштето кое аплицира мора да ги исполнува и следниве услови:
- има важечки статус на средно училиште потврден од националните образовни органи,
- подучува ученици на возраст од 16 до 18 години,
- се наоѓа во ЕУ или е едно од кандидатите за членство во ЕУ или едно од Бриселските европски училишта,
- има соодветна компјутерска технологија (читање и печатење PDF документи) и интернет и е-пошта,- наставникот и тројцата ученици пријавени во име на училиштето имаат способност да комуницираат на англиски јазик,
- наставникот и тројца ученици мора да присуствуваат на настанот за време на часот,
- избраните тројца ученици мора да имаат лаптоп или таблет што овозможува пристап до интернет,
- на темата поставена од страна на Европскиот економски и социјален одбор треба да бидат соодветно подготвени пред самиот настан,
- потребно е еден представник на Европскиот економски и социјален одбор да биде примен во училиштето од јануари до февруари. Сите трошоци за сместување и пат на представникот се одговорност на Европскиот економски и социјален одбор и не се на товар на избраното училиште. Представникот ќе се сретне со наставник и тројца ученици, исто така ќе го презентира планираниот настан и ЕУ на најмалку една паралелка од избраното училиште.
- ги информира избраните и другите ученици од училиштето за самиот настан и за можноста за следење на настанот преку Фејсбук, Твитер и Инстаграм.