проект ENVIRONMENTAL APPLICABLE LAW ONLINE PLATFORM
Прописи за животна средина на ЕУ
Општи начела за правна животна средина на ЕУ
Извор: https://www.123rf.com/photo_83991433_eu-flags-waving-in-front-of-european-parliament-building-brussels-belgium.html
Политиката за животна средина на ЕУ се заснова на принципот на претпазливост и на принципите на препречување, елиминирање, на изворот на еколошката штета и одговорноста на предизвикувачот. Принципот на претпазливост е алатка за управување со ризици што може да се користи кога не постои научна сигурност за наводните ризици поврзани со одредена мерка или политика за здравјето на луѓето или животната средина. На пример, ако постојат сомневања за потенцијално опасни ефекти на производот и објективната научна проценка на несигурност не го елиминира, може да се нареди да се прекине со дистрибуција на производот или да се повлече од пазарот. Овие мерки треба да бидат недискриминаторски и пропорционални и треба да се преиспитаат кога ќе бидат достапни повеќе научни информации.
Директивата за еколошка одговорност воведе принцип на одговорност на предизвикувачот, чија цел е да се спречи или на друг начин да се елиминира еколошката штета на заштитените видови и на природните живеалишта, вода и почва. Во некои професии како што е транспорт на опасни материи или активности при кои е можно да дојде до загадување на водта, во случај на непосредна опасност за животната средина треба да се преземат соодветни мерки. Доколку штетата веќе настанала за мораат да се погрижат за санирање на штетата и плаќање на трошоците поврзани со неа. Опсегот на оваа директива е веќе трипати проширен за да го вклучи управувањето со отпадот во рударството, работењето на геолошките складишта и безбедноста при активностите за производство на нафта и гас во морето.
Покрај тоа, во европската политика настанат е битен концептот за интегрирање на еколошката проблематика во другите на политики на ЕУ. Кој првпат се појавува на иницијатива на Европскиот совет во Кардиф во 1998 година. Голем напредок е постигнат во последните години во интегрирањето на политиката за животна средина, во областа на енергетската политика, за што сведочи паралелниот развој на климатскиот и енергетскиот пакет на законодавството на ЕУ и планирање за транзиција кон конкурентна нискојаглеродна економија до 2050 година.
Правната основа за изготвување на прописи во европското право за животна средина е договорот за функционирање на Европската унија (PDEU) и членовите 11 и 191 до 194,:
член 11
Барањата за заштита на животната средина треба да се интегрираат во дефинирањето и спроведувањето на политиките и активностите на Унијата, особено со цел да се промовирање на одржлив развој.
член 191
1. Политиката за животна средина на Унијата ќе придонесе до остварување на следните цели:
2. Политиката за животна средина на Унијата се стреми кон високо ниво на заштита земајќи ги предвид различноста на ситуациите во регионите на Унијата. Политиката се заснова на темелите на претпазливост и на принципот дека мора да се преземат превентивни дејствија, за штетите на животната средина. Настанатата штета да биде отстранета уште пред да се појави, Но доколку тоа е неизбежно предизвикувачот мора да ја плати одредената настаната штета.
Во овој контекст, мерките за хармонизација кои ги исполнуваат барањата за заштита на животната средина вклучуваат, онаму каде што е соодветно, привремена клаузула која им дозволува на земјите-членки од неекономски еколошки причини да преземаат привремени мерки кои подлежт на контролна постапка од Унијата.
3. При формулирањето на својата политика за животна средина, Унијата ќе ги земе предвид:
Претходниот потстав не е во спротивност со надлежноста на земјите-членки при преговорите со меѓународните органи и при склучувња на меѓународни договори.
член 192
1. Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна процедура и по консултации со Економско- социјалниот одбор и одборот на регионите, одлучуваат за мерките што треба да ги преземе Унијата за да ги постигне целите утврдени во член 191.
2. Со исклучок од постапката за одлучување наведена во став 1 и без да е во спротивност со член 114, Советот, постапувајќи во согласност со посебна законска процедура и по консултации со Европскиот парламент, Економско-социјалниот одбор и одборот на регионите едногласно донесува:
(а) одлуки од одредена фискална природа;
(б) мерки кои влијаат на:
- просторно планирање;
- управување со количините на водни ресурси или директно или индиректно влијание врз достапноста на тие ресурси;
- користење на земјиштето освен управување со отпад;
(в) мерки кои имаат значително влијание врз изборот на земјите-членки помеѓу различни извори на енергија и врз целокупната структура на нивното снабдување со енергија.
Советот, по предлог на Комисијата и по консултации со Европскиот парламент, Економско - социјалниот одбор и одборит на регионите, може едногласно да одлучи за употреба на вообичаената законодавна постапка во подрачјата наведени во првиот потстав.
3. Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна процедура и по консултации со Економско- социјалниот одбор и одборот на регионите, усвојуваат општи работни програми во кои се утврдуваат приоритетните цели.
Мерките потребни за спроведување на овие програми ќе се донесат, во зависност од случајот, во согласност со условите утврдени во став 1 или став 2.
4. Земјите-членки ја финансираат и спроведуваат политиката за животна средина, без да делуваат во спротивност со одредени мерки усвоени од Унијата.
5. Без да се нарушува принципот „ плаќа“ предизвикувачот, и кога мерката донесена во согласност со одредбите од став 1 е поврзана со несразмерно високи трошоци за органите на земјата-членка, таквата мерка предвидува соодветни одредби во форма на:
привремени отстапувања и/или
- финансиска поддршка од Кохезиониот фонд формиран согласно член 177.
член 193
Заштитните мерки преземени во согласност со член 192 не ја спречауваат ниту една земја-членка да одржува или воведе построги заштитни мерки. Таквите мерки мора да бидат компатибилни со договорите. За нив се известува Комисијата.
Извор: https://www.123rf.com/photo_83991433_eu-flags-waving-in-front-of-european-parliament-building-brussels-belgium.html
Политиката за животна средина на ЕУ се заснова на принципот на претпазливост и на принципите на препречување, елиминирање, на изворот на еколошката штета и одговорноста на предизвикувачот. Принципот на претпазливост е алатка за управување со ризици што може да се користи кога не постои научна сигурност за наводните ризици поврзани со одредена мерка или политика за здравјето на луѓето или животната средина. На пример, ако постојат сомневања за потенцијално опасни ефекти на производот и објективната научна проценка на несигурност не го елиминира, може да се нареди да се прекине со дистрибуција на производот или да се повлече од пазарот. Овие мерки треба да бидат недискриминаторски и пропорционални и треба да се преиспитаат кога ќе бидат достапни повеќе научни информации.
Директивата за еколошка одговорност воведе принцип на одговорност на предизвикувачот, чија цел е да се спречи или на друг начин да се елиминира еколошката штета на заштитените видови и на природните живеалишта, вода и почва. Во некои професии како што е транспорт на опасни материи или активности при кои е можно да дојде до загадување на водта, во случај на непосредна опасност за животната средина треба да се преземат соодветни мерки. Доколку штетата веќе настанала за мораат да се погрижат за санирање на штетата и плаќање на трошоците поврзани со неа. Опсегот на оваа директива е веќе трипати проширен за да го вклучи управувањето со отпадот во рударството, работењето на геолошките складишта и безбедноста при активностите за производство на нафта и гас во морето.
Покрај тоа, во европската политика настанат е битен концептот за интегрирање на еколошката проблематика во другите на политики на ЕУ. Кој првпат се појавува на иницијатива на Европскиот совет во Кардиф во 1998 година. Голем напредок е постигнат во последните години во интегрирањето на политиката за животна средина, во областа на енергетската политика, за што сведочи паралелниот развој на климатскиот и енергетскиот пакет на законодавството на ЕУ и планирање за транзиција кон конкурентна нискојаглеродна економија до 2050 година.
Правната основа за изготвување на прописи во европското право за животна средина е договорот за функционирање на Европската унија (PDEU) и членовите 11 и 191 до 194,:
член 11
Барањата за заштита на животната средина треба да се интегрираат во дефинирањето и спроведувањето на политиките и активностите на Унијата, особено со цел да се промовирање на одржлив развој.
член 191
1. Политиката за животна средина на Унијата ќе придонесе до остварување на следните цели:
- зачувување, заштита и подобрување на квалитетот на животната средина;
- заштита на здравјето на луѓето;
- внимателно и разумно користење на природните ресурси;
- промовирање на одлуки на меѓународно ниво за справување со регионални или глобални еколошки проблеми, особено во борбата против климатските промени.2. Политиката за животна средина на Унијата се стреми кон високо ниво на заштита земајќи ги предвид различноста на ситуациите во регионите на Унијата. Политиката се заснова на темелите на претпазливост и на принципот дека мора да се преземат превентивни дејствија, за штетите на животната средина. Настанатата штета да биде отстранета уште пред да се појави, Но доколку тоа е неизбежно предизвикувачот мора да ја плати одредената настаната штета.
Во овој контекст, мерките за хармонизација кои ги исполнуваат барањата за заштита на животната средина вклучуваат, онаму каде што е соодветно, привремена клаузула која им дозволува на земјите-членки од неекономски еколошки причини да преземаат привремени мерки кои подлежт на контролна постапка од Унијата.
3. При формулирањето на својата политика за животна средина, Унијата ќе ги земе предвид:
- достапни научни и технички податоци;
- условите на животната средина во различни региони на Унијата;
- потенцијалните придобивки и трошоци од мерките или не одлуките;
- економскиот и социјалниот развој на Унијата како целина и рамномерен развој на нејзините региони.
4. Во рамките на својата надлежност, Унијата и земјите-членки соработуваат со трети земји и со надлежните меѓународни организации. Деталите за соработката на Унијата може да бидат предмет на договори меѓу Унијата и засегнатите трети страни.Претходниот потстав не е во спротивност со надлежноста на земјите-членки при преговорите со меѓународните органи и при склучувња на меѓународни договори.